Ирена Ивановска и нејзините гости со избор на песни кои оставија траен белег во македонскиот музички ген. Ова се првите седум бисери од ризницата на македонската популарна музика, нејзини лични фаворити.
“На овој ден” – Нина Спирова, испеана во далечната 1973 година, со ревискиот оркестар на Радио Телевизија Скопје (сегашна МРТВ).
Музика и текст : Љубомир Бранѓолица
Нина Спирова со својот милозвучен глас остави неизбришлива трага во македонската музика.
“Чао Адио” – прекрасна песна која за прв пат е изведена на Скопскиот музички фестивал во 1979 година. Автор на песната е Славе Димитров, кој заради некои негативни коментари додека бил директор на фестивалот, ја изоставил својата песна од официјалното издание на плочата.
“Лео” – песна на Калиопи Буклевска со која настапи на фестивалот на забавни мелодии во Опатија, Хрватска, во 1985 година, заедно со Ромео Грил. Музиката на песната е на Глигор Копров а текстот на Ромео Грил.
‘Чувам ноч од будних’ – композиторот и тектописец Влатко Стефановки изјави – “ова е песна која не требаше да биде хит” Песната се најде на албумот на Леб и Сол “Као Какао”, издаден за Југотон (сегашна Кроација Рекордс) во 1987 година
“Ќе биде се во ред” – од албумот на Калолина Гочева “Зошто сонот има крај” издаден во 2001 година. Музиката и текстот се на Игор Џамбазов.
Инаку, Каролина својот прв настап на фестивал го има на 10 години на фестивалот МакФест во 1991.
“Во бестрага” – песна оригинално напишана од Игор Џамбазов на текст од Никола Перевски – Пере.
Песната ќе стане најголемиот хит на Дарко Гелев – Брејк. Редовно на концертите на Нокаут и на Игор Џамбазов се изведува оваа песна.
“Милица” – псевдоемигрантското кабаре, групата Фолтин, во Јануаро 2005-та го издава за Ding Dong Records, своето четврто албумско остварување LO-LEE-TA-TOO, на кој ќе се најде и оваа песна.
Главниот вокал на оваа песна е на актерот Сенко Велинов.