Buffering ...

Дарко Рундек, како дел од прославата за 25 годишниот роденден на ”Екотип”

август 6, 2023
 Чест ни е, како медиумски спонзори да го најавиме настапот на ”Здружението на џез музичари и слободни уметници” со легендарниот Дарко Рундек, концерт кој е дел од прославата за 25 годишниот роденден на ”Екотип”.
 Рундек ќе ги отпее своите најдраги песни, овој пат во свинг-џез аранжман. Проектов прв пат се изведува надвор од Република Хрватска, а нашиот ЗЏМ Биг бенд со својот квалитет беше причина повеќе Дарко Рундек да ја прифати идеата за изведба во Скопје, на 14.09.23 во големата сала на Филхармонија.
 Билетите за овој концерт можете да ги набавите на https://www.kupikartizase.com/ или да ги резервирате на телефонот 070 342 400.