Buffering ...

Повелете во МГС на 24.09 во 19:30 часот на затворањето на мултимедијалниот проект на уметничката група Шатакуа Скопје

септември 23, 2023

 

 

На 12.09, во Музејот на Град Скопје за прв пат беше претставена уметничката група Шатакуа Скопје. Истоимениот проект, Chautauqua – е сплет од аналогна фотографија, видео движења, објекти и музика.

Составот на групата Шатакуа Скопје е непосреден, другарски и ненаметлив. Има 4 члена:

Филип Куновски, сврзното ткиво на составот Дарко Поповски, што го знаеме како Плутос. Јулијан Мицевски, од екипата на Скопски Грув Андреј Татарчевски, на Татар 🙂

Филип е од Скопје и е во Прага во последите 9 години. Филип е дел од Прашкиот Кауч Колектив чии проекти LUCIDA и Facing Self беа прикажани во Прага во последните години. Во 2020-та заврши на отсекот – Фотографија и Нови Медии на ФАМУ [FAMU] во 2020-та.

Дарко е исто така од Скопје, и во последниве 10тина години бил дел од музичките групи Его Диско и Плутос Даутс.

Андреј Татарчевски во Скопјево познат како Татар, дел од повеќе музички проекти меѓу кои Изечоци, A World to Taste и Cycle1.

Јулијан Мицевски, познат по групата Скопски Грув и член на бендот Lincoln Letter, неодамна промовираше втор албум во МКЦ.

Визуелниот дел од мултимедијалната изложба го сочинуваат квалитетни аналогни принтови во невообичаени формати. Аналогните фотографии се печатени низ сложен процес во Кошице, Словачка, едно од ретките места во Европа каде што се развива и принта ваков тип на фотографија. Видето во проектот е поддршка, уште еден столб во изразот на овој колектив. Музиката, како и секогаш, е тука да ја оплемени целата приказна.

Инспирацијата доаѓа од култната „Зен и Уметноста на поправање мотори“ на Роберт М. Пирсиг, кој повикувајќи се на оние Шатакуи од 20тите години на минатиот век, кои патувале низ Америка и имале за цел да поучат и забават, нудејќи широка палета на различни уметнички дисциплини преку кои ја остварувале својата цел.

Затоа, нашата Шатакуа е „Повеќеслоен аудио – визуелен комплет што во основа е аудио сложувалка, попарена со видео фајлови, дообјаснета преку фотографии и пригодни објекти,“ – Дарко Поповски

Повелете во МГС на 24.09 во 19:30 часот на затворањето на мултимедијалниот проект. Албумот е достапен на сите стиминг сервиси: distrokid.com/hyperfollow/chautauqua/chautauqua