Buffering ...

ПЕТАР РЕНЏОВ, музичар: Никогаш не потклекнав, зошто го работев тоа што го сакав – свирев

„Македонски музички сонети“ е насловен концертот што ќе се случи во понеделник, на 11 декември, во Кино „Фросина“ во Младински културен центар – Скопје. Го потпишува Петар Ренџов со своите бројни музички собеседници, а врзивното ткиво е поезијата на неговиот татко – поетот Михаил Ренџов.   Љупчо Јолевски   Со Петар Ренџов се знаеме одамна. […]

ГОРДАН СПАСОВСКИ, џез музичар: Џез музиката е синоним за слобода, меѓутоа таа слобода носи голема одговорност!

На 9 декември во Националната опера и балет во Скопје, ЗЏМ Биг бендот со заложба за продолжување на негување на вистинските и трајни вредности ќе ги свири ЛЕБ И СОЛ. Младиот македонски џез пијанист, композитор и аранжер Гордан Спасовски е еден од авторите на аранжамите за концертот. Со него говориме и за работата со триото, […]

Шарески со „неоткриените хитови“ во Јавна соба

Македонскиот џез гитарист во претставувањето на проектот „Џезтет“ ќе го придружуваат Кирил Кузманов на саксафон, Оливер Јосифовски на контрабас и Славчо Коцев на тапани. Датумот е 23.11.2023, во “Јавна Соба“ !  Немирен по дух и полн животна и творечка енергија, Ѓорѓи Шарески продолжува да ги испишува страниците на својата музичка, ако милувате и џез приказна. […]

АНА ГАЦЕВА : Уметниците и нивните креативни дострели се огледало на државата

Триото АУРА, кое го чинат македонските уметници Страшо Темков, Марјан Милошевски и Ана Гацева, е годинашниот добитник на наградата „Златна  лира“ што  ја  доделува Сојузот на музичките уметници на Македонија за врвни уметнички достигнувања. По тој повод, со пијанистката говоревме за „петтиот елемент“ – љубовта кон музиката, сценската магија, камерното музицирање, препознавањето на уметничките дострели […]

ТАКСИРАТ ПО 25-ТИ ПАТ ЌЕ ГО ПРЕВРТИ СКОПЈЕ НАОПАКУ

Шеесет концерти  и настапи на различни локации во Скопје и голема финална прослава на која во една вечер, на 7 декември, во Арена Борис Трајковски ќе се појават 10  музички ѕвезди како ACID ARAB, DUB FX , ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, SMUT… ја чинат програмата на 25-то јубилејно издание на ТАКСИРАТ, најголемиот зимски урбан музички […]

Мухамед Ибрахими – „танчер“ по жици

„Скриениот гитарски бисер“,  по половина година еве го со својот „балкански блуз“ повторно во Камерната сала на Филхармонија. Овојпат, со себе ќе ги има неизбежниот Ратко Даутовски, пијанистот Бобан Мирковски и пејачката Агни Авшар.   Љупчо Јолевски   Ова извира директно од мене и не е некоја школа на овој или на оној. Едноставно тоа […]

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите во освојувачки поход на Балканот 

 Серијата успешни настапи започна на 23 октомври во Сомбор, соседна Србија, а по концертите во прочуената концертна сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, Хрватска, потем на реномираниот фестивал НОМУС во Нови Сад, ќе кулминира со перформанс во Темишвар, Романија, на 28-ми овој месец.   Љупчо Јолевски   Проектот „Македонисимо“ зачна одамна во мојата глава, слободно ќе […]

ДИНО ИМЕРИ   Човек треба да ја бара својата автентичност и уникатност

  Само во овие два месеца, Дино Имери, уметник и еден од најреномираните македонски пијанисти, ќе потпише неколку исклучително значајни настапи. По отворањето на фестивалот „Златна лира“, тој на крајот на октомври ќе одржи концерт во Кралскиот колеџ за музика во Лондон со што ќе бидат одбележани трите децении билатерални односи меѓу Велика Британија и […]

АНА ПАНДЕВСКА, КОМПОЗИТОРКА Децата многу природно ја прифаќаат електроакустичната музика

„Детски авантури“ е насловен новиот циклус на пиеси за деца за виолина и електроника и воедно авторскиот концерт на композиторската Ана Пандевска што ќе биде премиерно изведен оваа сабота напладне, на 14 октомври, во Музејот на македонската борба во Скопје. До крајот на овој месец ќе се случи и промоцијата на нејзиниот нов албум „Selected […]

13 ПМГ РЕКОРДИНГС ФЕСТИВАЛ

Со настапите на стожерните ПМГ КОЛЕКТИВ ОРКЕСТАР и СЕТСТАТ, гостите како хрватската пејачка Сара Ренар и Метју Џонсон од Канада и дузина други артисти, во две вечери – на 7 и 14 октомври, и два концертни простора – клубот „Станица 26“ и Младински културен центар – Скопје, ќе се одржи 13-то издание на манифестацијата на […]