Buffering ...

ГОРАЗД ЧАПОВСКИ / МИЗАР: До последен здив!

„Градот е нем“, „Ходен Же“, „Златно сонце“, „1762“, „Амфилохиј“, „Бело море“, „Глас“, Константинопол“… се само некои од песните кои ќе бидат изведени на концертот „Гласови“ на МИЗАР, предводен од Горазд Чаповски и хорот ХАРМОСИНИ и десетина врвни музичари од новата генерација на македонски творци предводени од Дени Омерагиќ, што ќе се одржи на 12 мај […]

МИЗАР – Мојата ѕвезда на надежта

 Охрид, 7 јануари 2022 Божик Полека чекорам кон Горна порта. Чекор по чекор по охридската калдрма. Во мене некако заедно со празничната литургија потекува онаа нашата „1762 лето“. Првин милозвучно налик на старите мајстори БИЛЈАНА, а потоа пркосно и моќно како што грмеа своевремено МИЗАР. И, со секој нов чекор – нов стих угоре по […]

ФИЛИП ДИНЕВ, џез гитарист: Музиката се менува како што и вие се менувате, за среќа или несреќа

Љупчо Јолевски   Наоружан со музиките од своите две албумски објави „Szvetlo“ и  „Romann“, едниот продукт на деновите минати во Унгарија и другиот со печат на времето од Германија, македонскиот џез гитарист Филип Динев е повторно дома. Како што вели „да го фати сонцето“ и да свири. Онака како што тој знае и умее. Едуцирано […]

Виолинистот Хосен и камерниот оркестар Профундис ја носат „Candlelight“ магијата во Македонија!

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на премиерното издание на „Candlelight“ – првиот концерт под свеќи во земјава на кој ќе настапат виртуозот на виолина Марио Хосен и камерниот оркестар Профундис. Перформансот е закажан за среда, 12 април со почеток во 20 часот. За Хосен е познато дека поседува виртуозност и волшебно […]

Концертот „Џез лектира“ е моја комфорна зона! ИНТЕРВЈУ: Марија Димитријевиќ

Со еден албум зад името на своето трио и повеќегодишно бележито сценско присуство, џез пејачката и виолистка Марија Димитријевиќ е исправена пред нов предизвик – да биде вокалистката пред Националниот џез оркестар кој реши да посегне по творештвото на големиот Каунт Бејзи и неговиот Биг бенд и да се фокусира на соработката со современата американска […]

Никола Стојковски / FIN PROJECT   Слобода, љубов и чесност се основа за убав и функционален свет!

    Потпрена на енергиите, сензибилитетите, виртуозноста и естетиките  на творци како Никола Стојковски и Петар Христов и зачинет со љубовта и желбата за личен исчекор во нови неба на Добрила Грашеска, „Контемплација“ е објава чија звуковност несомнено ќе го надмине времето и просторот во кои е обнародена. Таа е жив доказ дека духовноста и […]

Кон албумот Терирем на Сузана Спасовска

Веројатно малкумина, а можеби и никој не успеал да се пронајде и да биде беспрекорен во безмалку сите музички жанрови што ги познаваме и негуваме на македонската музичка сцена како што тоа го прави Сузана Спасовска. Од нејзините почетоци во кои беше претеча на некои рокенрол ѕвезди, па преку извонредните интерпретации на најубавите македонски традиционални […]

ВЕРИЦА АНДРЕЕВСКА И ДЕЈАН СПАСОВИЌ / ВЕТРИЛО Едрата се подигнати и пловидбата е веќе започната!

Со озвучувањето на препевот на англиски јазик на „Црно сонце“ по повод 100 годишнината од раѓањето на големиот македонски поет Ацо Шопов, проектот ВЕТРИЛО кој израсна врз искуството и заложбите на бендот СТАРОВСКИ ја реафирмира својата силна потреба „да биде магнет за уметниците и публиката на кои им недостасува убавината на спојот на зборот и […]

Трпчески и пријателите со „Македонисимо“ во Монте Карло

Новиот албум на македонскиот пијанист е пречекан со пет ѕвездички во Музичкиот магазин на Би-Би-Си, со пофалби од сите страни на светот и е меѓу кандидатите  за Германските награди на критиката.   По серијата концерти во Австралија, оној со Романскиот национален радио оркестар во Букурешт, грандиозните изведби на Брамсовиот концерт за пијано бр.1 со Лондонскиот […]

НИКОЛОВ – ИВАНОВИЌ УНДЕКТЕТ ВО СКОПЈЕ

Концертот на „еден од најкреативните големи џез-ансамбли во Европа“ според угледниот Jazz Times ќе се одржи во вторник, на 12 декември, во 20 часот, во Македонската фихармонија Во рамките на актуелната европска турнеја за третиот албум „Дистопија“, во  вторник, со почеток во 20 часот во големата сала на Македонската филхармонија концерт ќе одржи интернационалниот ансамбл […]